Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долга, ќе дадеме максимум од себе последиците да бидат што помали

43

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска гостуваше на ТВ21 и изјави дека рехабилитацијата на повредените ќе потрае.

„Рехабилитацијата нивна нема да биде со недели, некаде и со недели меѓутоа генерално ќе биде со месеци. Впечатокот на повеќе странски доктори коишто се тука и експерти за изгореници е дека релативно добро се менаџира во Клиничката болница и во 8-ми Септември и во Општа Градска болница. Состојбата дури последните два дена тие ги прават тријажите кои се за одење надвор, кои се за останување во државата. Јас се надевам дека ќе дадеме максимум, но овој ќе биде долг процес“, вели Таравари.

ИЗДВОЕНИ