Таравари: Пет пациенти кои се лекуваа надвор од државата се враќаат денеска

25

-Добра вест е што денеска се враќаат пет пациенти. Ќе ги пречекаме и нив, ќе бидат сместени првите 24 часа како што е предвидено по протокол. И откако ќе биде направена тријажа од наши специјални тимови, ќе бидат сместени во клиниките каде сметаме да бидат и ќе бидат под надзор, рече министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес конференција.

Четворица пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, но се стабилни. Сепак, Таравари вели дека: „Флуктуираат состојбите, но остануваат во многу тешка состојба“.

Министерот додаде дека откако докторите ќе одлучат, конзилиумот дека треба да се пуштат ќе се пуштат или ќе останат во клиниките.

Повеќето се со изгореници, значи нема други повреди коишто се добиени по протоколите што ги добиваме, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ