Таравари: Пациентка двапати реанимирана, сега е во подобра состојба, но двајца и натаму се критично

75

Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците во Скопје и во странство, двајца се во критична состојба, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

– Од 57-мина, деветмина се во Скопје. Двајца се моментално на Клинички, на Пластична хирургија. Четворица се во „Свети Наум Охридски“, еден пациент е во ГОБ „8 Септември“. Другите се лекуваат во приватни болници. Сите се во стабилна состојба – подвлече Таравари.

Во странство се лекуваат 48 лица од трагедијата во Кочани.

– Еден пациент се враќа од Унгарија, па ќе останат четириесет и седуммина пациенти во странство – рече Таравари.

Тој рече дека двајца се во критична состојба, другите се екстубирани. Некои се на рехабилитација, други чекаат оперативни зафати. Како позитивен пример, министерот посочи дека пациентка која двапати била реанимирана и која од вчера е на Пластична хирургија, е во сосема подобра состојба.

– Добар пример за пациент што беше многу тежок – додаде Таравари.

ИЗДВОЕНИ