Полн погодок за ова снежно време! Познатиот поп-пејач и миленикот на девојките, сексапилниот Александар Тарабунов-Тара, со својата најнова поп-балада таман се вклопува со времето кое го имаме деновиве. Со снегот во изобилство, а песната е токму са таков наслов, се вика „Снегови“.
Тоа е нежна и емотивна балада кои носи чувствителна приказна за невозвратена љубов. Исполнета е со звуците на акустика и вдахновениот вокал на Тарабунов. Песната се лепи за увото на слушателот, издвојувајќи се од премногу електронска музика со која најчесто не „бомбардираат“.
„Снегови“ е комплетно авторско дело на Александар Тарабунов. Што се вели тој е кантавторот, кој напиша музиката, текст и аранжман. Редок талент кој созада убави балади а, кои истовремено создаваат мирна атмосфера облагодарена и со видеозаписот.
Во режија на Владислав Гавриловски низ екранизацијата се оживува љубовната приказна со „Снегови“. Покрај Тарабунов, се појавува и фотомоделот Клара Милошевиќ, која со својата физичка појава максимално ја доловува романтична нишка на оваа љубовна приказна. Спотот е во режија на Владислав Гавриловски.
Самиот пејач нагласува дека му е чест што има една ваква прекрасна балада, која му дојде самата по себе многу спонтано, а опишувајќи ја некоја љубовна случка од некои свои пријатели. Во песната се слуша и нежниот звук на виолината, а неа ја свири неговиот колега и пријател, музичарот Димитар Андоновски. Д.М.