Роџер Тејлор призна дека неговиот колега од бендот Квин, Фреди Меркјури, пеел како „манична коза“, откривајќи колку „страшно“ звучел фронтменот кога првпат се собрале.
Тапанарот, кој има 75 години, објасни како оперскиот глас на легендарниот пејач ја шокирал неговата мајка кога бендот првпат почнал да настапува.
Роџер рече дека Фреди, кој почина во 1991 година, „на крајот испаднал прекрасен“, но дека на неговиот препознатлив вибрато му треба малку дотерување.
„Мислам дека не сфаќате колку страшно звучеше порано. Мислам, звучеше како манична коза. Неговото вибрато беше неверојатно. Лицето на мајка ми кога го виде…“, рече тој на промоцијата на ремастерирана верзија на нивниот деби албум, првично објавен во 1973 година.
„Се покажа дека е нашиот прекрасен Фреди кој никогаш нема да го заборавиме. Тој стана оваа колосална сила што можеше да допре до сите во публиката. Допре до сите“, додаде Роџер.
Иако Квин престанаа да настапуваат по смртта на Фреди на 45-годишна возраст, Роџер и Брајан Меј продолжија со турнејата под името на групата, со водечкиот пејач Адам Ламберт, пишува Дејли Мејл.