„Во медицината ДНК е мапата на животот. Она што нѐ дефинира и нѐ поврзува засекогаш. Идентитет, животен код, наследство, суштина, вечност. Тие не заминаа. Тие ќе живеат во нашиот ДНК“, објави на социјалните мрежи, пејачката Тамара Тодевска.
Во трагедијата во таканаречената дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 млади луѓе, меѓу кои и Андреј Ѓорѓиевски пејачот од ДНК и дел од нивниот бенд.