Годинашната тема на „Берлинале таленти“ е „Слушајте храбро – кинематографски наративи во време на дисонанца“ (Listen Courageously – Cinematic Narratives in Times of Dissonance), која ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и во дискусии со светски познати предавачи. Во изминатите години, учесници за главните теми беа филмските легенди како: Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт, Рубен Остлунд, Џералдин Чаплин и Лупита Њонг’о
Актерката Тамара Ристоска ќе учествува во престижната програма „Берлинале таленти“ (Berlinale Talents), што ќе се одржи во рамките на годинашното 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал (13 – 23 февруари), еден од најзначајните во светот. На 23. издание на оваа програма, Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836 апликанти од 123 држави и таа е единствената учесничка од регионот.
„Берлинале таленти“ е платформа за развој на филмските таленти, која ги истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003 година, оваа програма е препознатлива како еден од водечките форуми за филмските професионалци и ентузијасти. Со над 10.000 алумни ширум светот, „Берлинале таленти“ ја претставува една од најголемите глобални филмски заедници, нудејќи уникатна можност за вмрежување и за креативна соработка на меѓународно ниво.
Годинашната тема на „Берлинале таленти“ е „Слушајте храбро – кинематографски наративи во време на дисонанца“ (Listen Courageously – Cinematic Narratives in Times of Dissonance), која ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и во дискусии со светски познати предавачи. Во изминатите години, учесници за главните теми беа филмските легенди како: Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт, Рубен Остлунд, Џералдин Чаплин и Лупита Њонг’о.
Тамара Ристоска е истакната млада актерка од Македонија, која успешно гради кариера и на меѓународно ниво. Позната е по улогите во филмовите „Мими“, „Проблемот на Тина“, „Обичната Ели“, „Return to Silent Hill“, „Verified Target“ и други. Покрај тоа, таа настапувала и во домашните ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и „Тинејџерски камп“, како и во српските продукции „Константиново раскршќе“ и „Бранилац“.
Нејзините најнови проекти вклучуваат улоги во режисерското деби на Сара Климоста „Нова eнергија“, филмот „Лубарда“ на Горан Радовановиќ, како и „Рука правде“ под режија на Немања Ќераниќ, каде што игра една од главните улоги.
Учеството на Тамара Ристоска на „Берлинале таленти“ е огромно признание не само за неа туку и за македонската културна сцена, покажувајќи дека нашите уметници имаат капацитет да се докажат на највисоко светско ниво.