Талибанците го преземаат единствениот луксузен хотел во Кабул

54

Талибанците ги преземаат операциите на единствениот луксузен хотел во Авганистан, повеќе од една деценија откако таму извршија смртоносен напад во кој загинаа девет лица.

Групацијата Серена Хотелс објави дека го прекинува своето работење во Кабул, а корпорација под надзор на Министерството за финансии од денеска ќе управува со хотелот. Ниту сегашните сопственици, ниту владата не ги разјаснија условите под кои хотелот се менува. Талибанците првпат го нападнаа хотелот во 2008 година и повторно во 2014 година.

Во соопштението на хотелската групација Серена, која е во сопственост на Фондот за економски развој Ага Кан, се наведува дека обучила илјадници авганистански граѓани, била домаќин на голем број странски гости и делегации и поставила високи меѓународни стандарди во угостителството.

Според информациите на веб-страницата на Министерството за финансии, целта на преземањето на хотелот е заживување и развој на хотелиерството во Авганистан. Мохамед Саид, официјален претставник задолжен за туризам, изјави за Асошиетед прес минатата година дека сака Авганистан да стане туристичка моќ.

Во тоа време, во знак дека земјата се подготвува за повеќе странски посетители, Серена повторно го отвори својот женски спа и салон за странци по неколку месеци затворање, само за повторно да ги затвори под притисок на властите.

ИЗДВОЕНИ