EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Иако многумина мислеа дека Момир Илиќ ќе ја преземе селекторската фотелја во репрезентацијата на Србија, ситуацијата целосно се промени, пишуваат повеќето српски медиуми.

По заминувањето на Тони Џерона, Борис Ројевиќ го презеде тимот и сè уште официјално не е разрешен од таа функција. Тоа не ги спречува шпекулациите.

Како што пишува „Спортски журнал“, бројот на кандидати е зголемен за дури три нови имиња. Меѓу нив се Швеѓанецот Магнус Андерсон и Шпанците Раул Гонзалес и Талант Дујшебаев (роден во Киргистан, играше за Советскиот Сојуз, Русија и за Шпанија, чиј пасош го доби).

Веќе се остварени и разговори со Талант, кој моментално е тренер на полскиот тим Киелце.