„Таквиот мир е капитулација“, Макрон до Трамп: Исходот од преговорите со Русија што нема да ги води Украина ќе биде „лоша вест за сите

52
EPA-EFE/LOUISE DELMOTTE

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека Макрон во интервју за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) рекол дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја за завршување на војната.

„Мирот што е капитулација е лоша вест за сите, вклучително и за Соединетите држави“, рече Макрон.

„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е навистина, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот врз оваа основа. После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон во интервју за весник во Елисејската палата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија, иако Киев соопшти дека би било прерано да се разговара со Москва на безбедносна конференција.

ИЗДВОЕНИ