„Тактичка работа“ е моменталната царинска војна, и ќе заврши за неколку месеци, смета Орбан

39
EPA-EFE/ZOLTAN MATHE

Сегашната царинска  војна е „тактичка работа“ и ќе заврши за неколку месеци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп пред изборите ветил дека ќе ја преобликува глобалната трговија и ќе ја подобри позицијата на Америка во однос на нејзините трговски партнери, пренесе МТИ.

Орбан рече дека САД ќе постигнат договори со сите на индивидуална основа, што ќе резултира со нова рамнотежа, додавајќи дека процесот ќе трае „еден до два месеци“.

ИЗДВОЕНИ