Легендарниот британски боксер Тајсон Фјури реши да се пензионира, а шокантната вест, која изненади многумина, ја објави преку Инстаграм. „Кралот на Циганите“ на споменатата социјална мрежа објави дека става крај на кариерата, а не ги откри причините поради кои ја донел оваа одлука.
– Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Бев благословен и сакан секоја минута од тоа. Ќе го завршам ова. Дик Турпин носел маска. Господ да ве благослови, се гледаме од другата страна – изјави Фјури.
Фјури неодамна загуби од Александр Усик, кога протестираше и мислеше дека е ограбен. Украинецот победи по судиска одлука по 12 рунди во Ријад, а тројцата судии гласаа исто: 116-112 во корист на Усик.
Фјури во својата богата кариера имаше 37 професионални борби, победи 34 пати, а 24 меча завршија со нокаут. Тој стана шампион во тешка категорија во 2015 година кога го победи Владимир Кличко.
View this post on Instagram