Џесика Абер, поранешната обвинителка за источниот округ на сојузната држава Вирџинија, е пронајдена мртва утрово во станот, соопшти полицијата во градот Александрија. Полицијата околу 9 часот и 18 минути по локално време примила дојава за жена без свест. По доаѓањето во станот затекнале мртва жена, за која подоцна било потврдено дека е 43-годишната Абер.
Абер беше именувана на должноста обвинител од страна на поранешниот претседател Џо Бајден во 2021 година, а од позицијата се повлече во јануари годинава откако Трамп ја презема претседателската должност.
Полицијата покрена истрага, а точната причина за смртта ќе ја утврди главниот иследник на државата Вирџинија.
Абер дипломира право на Универзитетот во Ричмонд, а кариерата ја започнала како правен советник на судијката М Хана Лаук на сојузниот суд за Источниот округ на Вирџинија. Во тамошното обвинителство почнува да работи во 2009 година, како помошник обвинител, каде што се занимавала со случаи за финансиски измами, корупција и злоупотреба на деца.
Во 2016 година станува заменик шеф на казнениот оддел, а во 2021 година Бајден ја номинира за обвинителка на округот. Сенатот на САД ја потврди нејзината номинација едногласно.
Како шеф на обвинителството, ја надгледувала работата на околу 300 обвинители, правници и административен персонал. На должностите во обвинителството останува се до јануари 2025 година, кога го остапува местото на новата аднимистрација – што е вообичаена пракса во САД.
Нејзиниот наследник, вршител на должноста обвинител Ерик С. Сиберт, изјави дека обвинителството е „неописиво скршено“. Беше ненадминлива како водач, менторка и обвнинителка – и едноставно незаменлива како личност“, рече Сиберт, кој во канделаријата на обвинителството се придружи во 2010 година, една години по Амбер.
Американскиот сенатор од Вирџинија ТИм Кејн ја нарече „извонредна јавна службеница која животот го посвети на служењето на своите сограѓани“.