Португалскиот ракометен гигант Бенфика, договори нов лев бек за следната сезона и потпиша договор со Реинер Табоада од Куба, инаку поранешен играч на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Табоада играше за Фредериција од 2022 година, но доаѓа во Бенфика заедно со Валјупов за да ја засили бековската шутерска линија. Од неа според досегашните најави заминува Филип Талески, кој ќе остане без договор. Табоада играше за пелистерци во сезоната 2021/22, а претходно беше дел од француски Данкерк и Аванка од Португалија.