Повремениот македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, одигра уште еден одличен натпревар во Евролигата, овој пат беше најдобар во триумфот на својот Париз над Виртус Болоња на домашен терен, со 81:78, во рамките на 12. коло.

Американецот со македонски пасош го заврши мечот со 19 поени, девет асистенции и со три скока, додека најефикасен на паркетот беше Клајбурн од Виртус со 25 поени, три скока и со две асистенции.

Париз во моментов е на втората позиција во Евролигата, со девет победи и со три порази по 12 одиграни кола.

Резултати: Жалгирис – Басконија 70:83, Алба Берлин – Макаби ТА 85:103, Париз – Виртус Болоња 81:78, Партизан – Олимпијакос 78:70, Барселона – Реал Мадрид 90:97 (по две продолженија).

ИЗДВОЕНИ