Во акцијата која полицијата ја споведена завчераноќта,а која била подготвувана тие месеци однапред биле приведени три лица кај кои биле пронајдени дрога, пари, оружје и други премети,а се трага по уште едно лице кое е во бегство.
– МВР до обвинителствотот ќе поднесе кривична пријава против И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н.М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” соопшти МВР.
Оттаму информираат дека целта била сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.
-За криминалната група беше утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи, се наведува во соопштението од МВР.

 

Од полицијата информираат дека група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.

Операцијата за сузбивање на групата отпочнла во момент кога лидерот на криминалната група се обидел да ја напушти државата преку аеродром „Скопје“, со поголема количина на пари. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом, велат од МВР.

Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, пари, пет луксузни патнички возила -Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа, и разни видови на оружје и муниција.
МВР најавуваат дека ќе ја прошират истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група.