Според најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и други агенции на Обединетите нации, во 2023 година, на секои две минути во светот умирала по една жена од компликации поврзани со бременоста или породувањето.
Извештајот истакнува дека поради овие компликации, животот го загубиле 260.000 жени.
Иако бројот на смртни случаи меѓу бремените жени и мајките при породување останува висок, СЗО укажува дека на глобално ниво смртноста е намалена за 40 отсто во периодот од 2000 до 2023 година, благодарение на поголемиот пристап до основни здравствени услуги.