Свиња со човечко лице и морничав плач го шокираше светот

170

Доколку одгледувате домашни животни, веројатно веќе многу пати сте биле сведоци на нивните раѓања, што за вас е прилично честа појава. Но, понекогаш природата носи необјасниви и изненадувачки сцени кои ги шокираат и најискусните одгледувачи.

Токму таков случај доживеал фармерот Алфредо Кардинас Џуниор во неговиот дом во Танџај, јужно од Манила на Филипините, кога неговата свиња родила младенче со крајно необичен изглед – имало човечки карактеристики и нејзиниот плач звучел како плачот на дете.

“На почетокот се исплашив кога го видов. Но кога го слушнав како плаче, уште повеќе се шокирав. Звучеше како дете”, рекол Алфредо.

Видеото, кое е прегледано повеќе од 1,5 милиони пати на Фејсбук, прикажува свиња со чудно обликувано лице налик на човек и без очи. Алфредо нежно ја положи свињата на ќебето, бидејќи немаше сила да се потпира на сопствените нозе. Додека продолжи да дише тешко и да се бори за здив, тој ја премести во старата торба.

Имено, ова суштество беше четврто во легло од осум младенчиња и единствено родено со деформитет. За жал, почина само четири часа по раѓањето.

Локалниот ветеринар, д-р. Кристин Хоуп Дејадена истакна дека ретко се случува само една свиња од легло да страда од вродена мана, но категорично ја отфрли можноста свињата да е оплодена од друг вид.

„Свињата не може да се оплоди од друг вид“, објасни таа за странските медиуми. Наместо тоа, се верува дека прасето е родено со ретко нарушување познато како холопрозенцефалија.

Ветеринарот др. Арис Миклат објасни: „Тоа е конгенитална малформација, технички гледано – вродено нарушување. Тоа е цефалично нарушување во кое предниот мозок не успева да се развие на две хемисфери“.

Д-р. Миклат смета дека најверојатната причина е тоа што мајката била изложена на хемикалии или пестициди за време на бременоста, што можело да влијае на развојот на фетусот.

„Речиси секогаш, овие случаи се фатални“, додаде тој.

Тој, исто така, ја отфрли можноста дека ова необично суштество е резултат на вкрстување на свиња и човек.

Алфредо рекол дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто – порано неговата свиња родила младенче кое изгледало како да има крилја. Но, наместо ова да го гледа како лош знак, Алфредо верува дека тоа му донело среќа, веднаш откако успеал да ги вложи парите за да купи крава и мобилен телефон.

Според едно истражување, речиси три проценти од прасињата се родени со некаква форма на вродено нарушување. Исто така, приближно 17 проценти од леглата содржат најмалку едно прасе со деформитет, а повеќето такви прасиња умираат во рок од една недела по раѓањето.

Во просек, секоја свиња губи две прасиња од легло кое обично брои десет млади.

ИЗДВОЕНИ