По повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Скопје, делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, денеска во 11:30 часот положија свежо цвеќе пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и на партизанските гробишта во Бутел.
Во 12:30 часот, делегации од Владата, од Собранието, од Градскиот одбор на Сојузот на борци – Скопје…, положија свежо цвеќе и пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.
Во 19 часот ќе се одржи свечена академија во Македонската филхармонија, на која ќе бидат доделени 13-то Ноемвриските награди.
Фото: (П.С.)