Светските медиуми објавуваат: Трамп ги декласифицира документите за атентатите на Кенеди и Мартин Лутер Кинг Помладиот

483
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за декласификација на досиејата за атентатот на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг Јуниор, објавија медиумите.

Трамп потпиша извршна наредба со која му се наложува на директорот на националното разузнавање да развие план во рок од 15 дена за целосно објавување на документите за атентатот на ЏФК.

„Повеќе од 50 години по атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, сенаторот Роберт Ф. “ се наведува во извршната наредба.

„Нивните семејства и американскиот народ заслужуваат транспарентност и вистина. Во национален интерес е сите записи поврзани со овие атентати конечно да бидат објавени без одлагање“, се додава.

Неговите шефови на разузнавањето ќе имаат 45 дена да направат план за објавување на архивите на РФК и Кинг помладиот.

Атентатите на претседателот Кенеди во 1963 година, неговиот брат и политички сојузник Роберт во 1968 година, и во истата година, Мартин Лутер Кинг, Помладиот, лидерот за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир, остануваат предмет на контроверзии и шпекулации во Америка.

Националната управа за архиви и записи (НАРА) има пет милиони записи поврзани само со атентатот на претседателот Кенеди. Во 1990-тите, федералната влада нареди тие да бидат речиси целосно објавени до октомври 2017 година. Милиони страници документи се веќе објавени, а меѓу 3.000 и 4.000 документи допрва треба да бидат откриени.

На социјалните мрежи се појави видео од Трамп како ја потпишува наредбата. „Ова е големо… Многу луѓе го чекаа ова со години. Децении… Сè ќе се открие“, рече Трамп на потпишувањето.

Трамп за време на предизборната кампања вети дека ќе ги објави досиејата за атентатите на Кенеди и Мартин Лутер Кинг, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ