Актуелниот шампион во Мото ГП шампионатот, Хорхе Мартин, ги пропушти воведните трки од новата сезона поради тешка повреда, а неговото враќање на патеката ќе остане запаметено по лошата среќа и новата пауза што го очекува. По падот на Големата награда на Бахреин, се веруваше дека има шест скршеници, но Априлија објави дека дополнителните прегледи откриле вкупно 11.
Хорхе Мартин се здоби со сериозни повреди на градниот кош, а првично се веруваше дека има шест скршени ребра. Сепак, дополнителните тестови покажаа дека ситуацијата е уште посериозна, но, сепак, пристигнаа добри вести од Азија. Тој минал мирна ноќ во болница и нема повреди на мозокот, пршлените или на внатрешните органи. Ќе мора да остане во болница поради вишокот воздух во белите дробови и ткивото на белите дробови. Прашање е колку долго ќе трае овој процес и колку време ќе помине пред да го видиме повторно на патеката. Во меѓувреме, тој даде изјава од болницата, шокирајќи ги своите обожаватели.
View this post on Instagram
Мартин падна на патеката „Лусаил“ во Бахреин, на осум круга пред крајот на четвртата трка во сезоната. Тоа беше негова прва трка во 2025 година откако ги пропушти претходните три поради скршеница на раката и на стапалото.