Многу естрадни ѕвезди и позитивни вибрации, овој викенд во „Александар палас“!
И оваа зима, традиционално во скопскиот хотел „Александар палас“ ќе се одржи „Ромски бал“ овој пат по 45. пат.
На 17 и 18 јануари, „Александар палас“ ќе биде свечено место каде што Ромите, пред сè од Македонија, но и од целиот свет, ќе го манифестираат своето единство и својата важна улога во општеството. Особено се истакнува дека ромската заедница е клучен дел од мултикултурното богатство на Македонија.
–
–
И годинава водителка на балот ќе биде атрактивната Лила Стојановска.
Овој мошне интересен и секако музички настан за првпат беше организиран од страната на претседателот на Сојуз на Ромите во Македонија, Амди Бајрам, а по неговото физичко заминување, на чело на организацијата е неговиот син Габриел Бајрам. И преку овој бал Ромите потврдуваат дека остануваат доследни во својата мисија: промоција на ромската култура, интеграција во општеството, како и политичка застапеност.
Оние кои веќе биле дел од гостите на балот во минатото, знаат гордо да кажат дека се работи за манифестација која поминува во знакот на раскошот, сјајот, дружба, песна, смеа и воопшто добрата забава. Голем број политичари и јавни личности од културно-забавниот живот присуствуваат на балот. И секогаш за пејачите кои (ќе) пеат на балот се одбираат ексклузивни личности од балканската естрадна сцена.
–
–
Минатиот јануари тоа беше мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ, некоја година пред и: Драган Којиќ Кеба, Верица Шерифовиќ…, а оваа година меѓу другите сè и: Теа Таировиќ, Сека Алексиќ, Адил Максутовиќ, Мухарем Сербезовски, Инди Арадиновиќ… Меѓу другите пријатни изненадувања, ќе се избира и најубава Ромка за 2025 година.
Оние кои секоја година се дел од овој значаен настан, велат дека на балот нема што нема, што се вели „и од пиле млеко“. На масите се нудат (неограничени) брендирани пијалаци, вкусната храна од најразновидни светски кујни. Учесниците на балот, дали како гости или како пејачи се соодветно облечени во вечерен дрескод: дамите во ексклузивни фустани, а господата во свечени костуми.
Но, од сè најважната е насмевката на лицето, а таа нема да фали, бидејќи и целата атмосфера на балот е таква: со позитивни вибрации!
Дуле Миќиќ