Светски ден на водата: Заштитата на глечерите е прашање на опстанок

21

Светскиот ден на водата се одбележува секој 22 март, а оваа година денот ќе биде посветен на заштитата на глечерите, соопштија Обединетите нации.

Како што наведоа, глечерите се клучни за животот, бидејќи нивната стопена вода е неопходна за пиење, земјоделство, индустрија, производство на чиста енергија и здрави екосистеми.

Брзото топење на глечерите го загрозува снабдувањето со храна и вода за две милијарди луѓе ширум светот и може да има непредвидливи последици, предупредија ОН.

Сите глечери на Земјата губат маса во 2024 година, трета година по ред, соопштија вчера Обединетите нации (ОН), нарекувајќи го нивното зачувување прашање на „опстанок“.

„Зачувувањето на глечерите не е само еколошка, економска и социјална потреба. Тоа е прашање на опстанок“, предупредува генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Селест Сауло.

ИЗДВОЕНИ