„СВЕТОТ СЕГА Е МНОГУ ОПАСНО МЕСТО, Камала Харис нема да може да спречи нова светска војна“, вели Трамп

91

Светот се претвори во многу опасно место, а претседателскиот кандидат на Демократската партија, Камала Харис нема да може да спречи нова светска војна, смета кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп.

– Светот сега е многу опасно место. Камала не може да одговори ниту на наједноставните прашања. Лудило! Ако не може да го направи тоа, тогаш како може да нè застапува во спречувањето на Третата светска војна. Одговорот е едноставен: не може!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Вистина.

Тој претходно предупреди дека САД ќе се упатат кон третата светска војна доколку демократите бидат на власт. Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.