Општина Кисела Вода доби нов претседател на Советот. Светлана Колариќ, која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот претседател Иван Живковски, на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието на Република Македонија.
Новиот претседател на Советот на општина Кисела Вода, Светлана Колариќ, се заблагодари за довербата, како и на сега веќе, пратеникот Живковски за целиот ангажман и успешна работа. Во своето прво обраќање го поздрави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и истакна дека во својот мандат ќе продолжи да работи согласно законите и во интерес на жителите на оваа општина, поддржувајќи ги добрите идеи и проекти на градоначалникот кои и досега ја трасираа Кисела Вода како една од најуспешните општини.
-Нашата соработка ќе се темели врз обврските пропишани во законите и подзаконските акти, со акцент врз Законот за локална самоуправа и статутот на оштината. Нашата цел е заедничка и единствена, како и досега, да спроведуваме одговорни политики, работејќи трнспарентно и исклуиво во интерес на жителите на општина Кисел Вода – истакна Kолариќ.