Судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски продолжува во Кривичниот суд со изведување на материјални докази, односно вештачени мобилни телефони на обвинетите.
Судот денеска констатира дека сведокот Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска која исто сведочеше во судница, е недостапен за полицијата.
Обвинителството ќе инсистира на неговото физичко сведочење, а не да се чита исказот во судница.
Судијата го извести обвинетиот Љупчо Палевски дека му е одбиено барањето за изземање на судијата.
На почетокот од рочиштето судијата Ивица Стефановски им подели на обвинетите поднесок за барање отштета од страна на мајката Зорица Ѓорчевска. (П.А)