Гоце Трајковски во моментов сведочи за настаните поврзани со киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Во Кривичниот суд беше донесен од истражниот затвор каде ја издржува мерката притвор за друго кривично дело. Пред да почне да сведочи им се обрати на обвинетите да не му се закануваат од партијата Десна, бидејќи тој не е 14 годишно девојче или стар човек. Во судницата рече дека добивал закани на Фејсбук од членови на партијата “пази што зборуваш ќе завршиш во гроб” мислејќи на неговото сведочење. Трајковски во моментов зборува како стапил во контакт со таткото на девојчето, обвинетиот Александар Ѓорчевски со кој заедно набавувале снимки од камери и го поврзале цитроенот со исчезнувањето на неговата ќерка. (П.А)