Сведок на одбраната проба да му даде алиби на Палевски

794

Сопартиецот на Љупчо Палевски од партијата Десна, Зоран Петковски денеска сведочеше на предлог на одбраната на првообвинетиот и проба да му даде алиби за денот на убиството на Вања Ѓорчевска.

Според сведокот Палевски имал комуникација со него на 27-11-2023 околу 8.20-9.00 часот на канал на Телеграм и разговарале за набавка на дронови од Иран преку Србија. На прашање на обвинителкта дали некој може да му го потврди тоа, сведокот рече дека цело време разговорот го слушала жената која била втора смена на работа.Комуникацијата се избришала половина час по истата бидејќи така било на Телеграм, објасни сведокот зошто не постои доказ за пишувањето.

Сведокот Петковски кој бил пензиониран припадник на безбедносните служби во МВР и АРМ се престави како претседател на Комисијата за безбедност на партијата Десна. На прашање на одбраната дали бил во полициска станица во ПС Пролет, одговори потврдно, дека бил повикан од началникот Дејан Димевски и началникот Драган Зарински и оти целиот разговор со нив го снимал тајно на диктфон иако знаел дека тоа не е дозволено но поучен од неговото искуство во службите се решил на таков потег.

Началникот Зарински, според сведокот на одбраната, му кажал дека признанието за убиството на велешанецот го добиле од Боре по стари методи, покажувајќи му дупка во зидот од канцеларијата.

Сведокот Петкосвки понатаму изнесе тврдење дека му било кажано од началникот како Влатко Кешишев слушал од надвор и влегол со признание дека Боре и Вељо му го донеле во гепекот. Прашан од обвинителката за димензиите на дупката, сведокот прецизно ја опиша, 15 см од местото на бирото на началникот со пречник од 12 см , висно длабока дупка.

Судењето продолжува на 5 март со сведоци на одбраната а исказ односно дека ќе зборува пред судот најави и Палевски. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ