Во вишиот суд во Белград, Србија денеска сведочеше Владимир Кецмановиќ, таткото на детето Коста Кецмановиќ кој на 3. мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, уби 10 лица.
Владимир Кецмановиќ изјавил дека семејството знаело дека тој поседува оружје, но дека го чувал во куфери кои служеле за транспорт и складирање на муниција и оружје, на кои имало катанец, а како што рече, само тој ја знаел шифрата. На прашањето дали го однел синот на стрелиште, Кечмановиќ рече дека првпат го зел и му дозволил да пука со воздушна пушка, тврдејќи дека претседателот на стрелачкиот клуб му дал шанса на момчето убиец да пука од мало оружје и дека тој го тренирал.
Тој објасни дека на неговиот син му била забранета физичка активност поради коронавирусот и затоа решил да го однесе на стрелиште, бидејќи и самиот се занимава со рекреативно гаѓање.
„Нејасно ми е како мојот син го застрелал својот најдобар другар и наставничката која најмногу ја обожаваше, и која му ја пренесе љубовта кон историјата“, рекол Владимир Кецмановиќ.
Кечмановиќ истакна дека по првото одење на стрелиштето, му рекол на синот никогаш да не ја вперува цевката од пушката кон луѓе.
Владимир неколку пати истакнал дека немал никакви знаци дека неговиот син ќе изврши масовно убиство, односно дека не покажувал знаци на насилство или дека нешто не е во ред со него.
Вишиот суд на крајот на минатата година донесе првостепена пресуда во кривичната постапка, со која Владимир Кечмановиќ е осуден на 14 и пол години затвор, Миљана Кечмановиќ на три години, а Немања Маринковиќ, инструкторот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, на 15 месеци затвор.
Владимир и Миљана Кецмановиќ се осудени за кривично дело запуштање и злоупотреба на дете, додека Владимир Кечмановиќ е осуден и за кривично дело тешко дело против општата безбедност.