Свечена академија во Центарот за култура во Крива Паланка

582

На Свечената академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и сесловенските просветители Кирил и Методиј, 2024 година, ексклузивно ќе настапи нашата музичка легенда, Драган Мијалковски.

Свеченоста која ќе се одржи на 23 мај (четврток) во Центарот за култура во Крива Паланка, со почеток во 19 часот, ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски.

Присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: „Кажи ми”, „223-3О5”, „Кажи нешто драга”, „Гитаро моја” и бројни други незаборавни евергрини, како и песни од неговиот нов албум, за една незаборавна вечер за сите генерации.

На Свечената академија ќе бидат прогласени и најдобрите просветни работници во општината. Настанот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата”.