EPA/Oliver Multhaup

Венчавката на Џина Марија Шумахер, ќерка на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, доби на големо значење поради нејзиниот татко. Дел од медиумите пишуваа за раскошот кој го имал самата церемонија, а други пак за појавувањето во јавност на легендарниот Ф1 возач, кој повеќе од една деценија не е виден, ниту пак се знае за неговата здравствена состојба од повредите со кои се здоби за време на скијањето во 2013 година.

Британците пишуваа за раскошната церемонија, која се одржа на Мајорка во луксузна вила. На венчавката присуствуваше и вујкото на Џина, Ралф Шумахер со неговиот партнер.

Германски „Билд“, пак, пишува дека сите вработени морале да ги остават мобилните телефони пред да влезат на имотот за да не ги фотографираат приватните соби и простории на семејството. Секако, се шпекулира дека тоа најмногу се должи на Михаел, но неговото присуство на церемонијата не е потврдено.

  • Дали Шуми навистина беше присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Сепак, тој не беше во градината, каде што беа другите гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг на доверба, се вели во текстот на Билд.

Вистинската состојба на Михаел Шумахер се чува во тајноста долги десет години, семејството молчи, а само одвреме-навреме има некои вести кои не навестуваат добро. За Михаел наводно се грижи тим лекари 24 часа на ден.

Пред две години Нетфликс објави документарен филм за Михаел, а потоа неговата желба ја откри неговиот син Мик кој тргна по стапките на својот татко.

-Би имал многу да зборувам со татко ми. Тој би се откажал од се само поради тоа, истакна Мик, кој возеше за Хас во 2021 и 2022 година.