„Сусурига 2024“ и „Невестинско поклонение“, дел од традицијата што ја негува овој крај

68

Со низа интересни и впечатливи настани, викендов започнува програмата на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата”. В сабота, во 18 часот на Градскиот плоштад во Крива паланка ќе се одржи маскенбалот и огненото шоу, ново и несекојдневно доживување што ќе го приреди „Сусурига 2024“. Се работи за настан што привлече меѓународен интерес и ќе донесе атрактивна програма за македонската публика.

В сабота на 24 март 2024 година со почетокот во 20 часот е концертот на популарната македонска музичка дива, Каролина Гочева со „Македонско девојче” и Никола Мицевски во Центарот за култура во Крива Паланка.

В недела на 24 март 2024 година, , точно напладне во село Копаница ќе се одржи традиционалната, уникатна манифестација „Невестинско поклонение“ што ја негува традицијата од овој крај.

Право на учество  имаат сите млади невести што склучиле брак помеѓу две Тодорици со своите свекрви облечени во роднокрајска носија. Ексклузивни учесници на „Невестинското поклонение“ обичај кој ја негува народната традиција на послесвадбениет обичаи на снаат и свекрвата од „Галичка свадба“ се и снаа и свекрва од збратимениот град Лесковац.

Почетокот на свеченото дефиле е во 13 часот во дворот на црквата „Свети Тодор Тирон“ во селото Копаница.

-Не дозволувајте другите да ви раскажуваат, бидете наши гости и уживајте во богатата и разновидна програма за сите генерации – гласи поканата од Општина Крива Паланка.