Веќе неколку дена централна тема во спортските медиуми, барем на Балканов, е скандалот кој се случи на Европското првенство за јуниорки кое се одржа во Тирана. По победата на српската натпреварувачка Нина Савиќ, таеквондо тренер од Косово и удри шлаканица на својата натпреварувачка за поразот во финалето. Подоцна се дозна дека се работи за неговата ќерка, а Ваљмир Фетиу се правдаше на многу необичен начин.
Се обиде да објасни како медиумите паднале на српската пропаганда и како никој во Србија не може да го сака неговото дете повеќе од него, но… Впечаток е дека тоа нема многу да му помогне бидејќи веќе доби шестмесечна суспензија, иако станува збор за блага казна.
Како што пренесуваат косовските медиуми, Ваљмир Фетиу е исфрлен од спортот на половина година поради бруталниот напад на осумгодишно дете!
- Косовскиот таеквондо тренер Ваљмир Фетиу е суспендиран на шест месеци од Европската федерација на овој спорт. На натпревар од ЕП за деца во Тирана, Фетиу и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувача, која е и негова ќерка. Инцидентот е снимен и Европската федерација објави дека селекторот е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни активности, пишува порталот „Коха“.
Имено, камерите го снимија бруталниот напад на таткото врз своето дете по поразот во мечот за златниот медал. Девојката од Косово беше поразена од претставничката на Србија, а нејзиниот татко тешко го прими поразот, па, прво ја зграпчи својата ќерка за кацигата, тресејќи ја, а потоа и удри шлаканица кога и ја извади заштитната опрема од главата.