Началникот на одделот за неонатологија на Универзитетската детска клиника во Тиршова, кардиологот Дејан Паниќ, е суспендиран поради објава на социјалните мрежи во која алудира на недозволена посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Одделот за интензивна нега кај што се сместени повредените пациенти од трагедијата во Кочани. Д-р Паниќ, како што пренесуваат српските медиуми од понеделник не работи во Тиршова, а на прашањето за неговата суспензија, директорот на УДК Синиша Дучиќ кусо за новинарите изјави дека „не може да разговара бидејќи е на состанок“.
„Почитуваниот педијатар, неонатолог и кардиолог д-р Дејан Паниќ е најновата жртва на бруталниот медиумски прогон на злобната пропагандна машинерија на Александар Вучиќ, само затоа што тој се побуни во своите објави на Фејсбук против срамната посета на Вучиќ на тешко повреденте од Кочани, евтин маркетиншки потег кој ги прекрши сите медицински професии и ја вознемири јавноста во Србија и Северна Македонија“, изјави д-р Владимир Врсајков, претседател на SSP Group во Нови Сад.
Инаку, суспензијата на Паниќ дојде два дена откако Министерството за здравство остро ја осуди неговата објава, нагласувајќи дека тој ги прекршил основните одредби од Кодексот за лекарска етика и хуманост и побара од Лекарската комора на Србија итно да покрене постапка за одземање на неговата лиценца.