НБА лигата за три години би можела да се прошири за најмалку два нови тима, пренесува американската ТВ мрежа „ЕСПН“. Доколку тоа се случи, по следните три сезони, најсилното натпреварување во светот би дочекало сосема нови тимови, како Лас Вегас, иако навивачите ширум светот се молат за повторно активирање на – Сиетл Суперсоникс.

Градот од државата Вашингтон го загуби својот познат тим во 2008 година.

Откако не успеа да добие поддршка од локалната власт за изградба на нова спортска сала во областа Сиетл, Клеј Бенет го однесе клубот во Оклахома. Тој направи договор со градот Сиетл за предвреме да го исплати закупот на Ки Арената во Сиетл за 45 милиони долари и на тој начин ја извади НБА од тој град, како и големата ѕвезда на Сиетл Суперсоникс, Кевин Дурент.

Тимот имаше денови на голема слава во деведесетите, кога играше во финалето на НБА против Чикаго Булс на Мајкл Џордан. Асовите како Шон Кемп, Гери Пејтон, Сем Перкинс, Детлеф Шремпф, Херси Хокинс и други, под водство на тренерот Џорџ Карл, двапати ги победија Булси во тоа финале, но Чикаго сепак ја освои титулата, како и следните две.

Сепак, љубителите на кошарката ширум светот тогаш останаа заљубени во Сиетл, особено во тандемот Пејтон-Кемп, па затоа речиси 30 години подоцна сонуваат повторно да играат кошарка во градот на западниот брег на САД.

Последниот нов тим кој се приклучил на НБА беше Шарлот Бобкетс, сега Шарлот Хорнетс, во 2004 година. Таа година НБА тимовите имаа право да задржат до осум играчи под договор за следната сезона, а останатите можеа да бидат избрани на драфтот за „Проширување“. Секоја екипа имаше обврска да стави барем еден играч на располагање за трансфер во нов тим, дури и ако има помалку од дозволените осум играчи со договор. Секако, играчите на кои им истекуваа договорите автоматски станаа достапни за селекција од новиот тим.

  • На пример, доколку НБА одлучи да одржи таков драфт во јуни 2025 година, Милвоки Бакс би можеле да го остават Крис Мидлтон „незаштитен“ на пазарот. Тој има опција да го продолжи договорот за таа сезона на 34 милиони долари и доколку новиот тимот го избрал Мидлтон, а потоа би можел повторно да стане слободен агент со одбивање на опцијата да заработи 34 милиони долари за таа сезона, во тој случај новиот тим би го загубил без обештетување, а доколку Мидлтон бил избран, Милвоки тогаш би добил 31 милион долари на располагање во можна размена за нов играч, објаснија од „ЕСПН“.

Последен пат НБА пречека два нови тима, во 1995 година, се приклучија Торонто Репторс и Ванкувер Гризлис, сега Мемфис.