Супермесечината се совпадна со делумно затемнување на Месечината

452
EPA-EFE/DARREN ENGLAND

Супермесечина го осветли небото ширум светот ноќта од вторник кон среда, откако се совпадна со ретко делумно затемнување на Месечината, пишува Би-Би-Си.

Супермесечината се случува кога Месечината е на најблиската точка во својата орбита до Земјата, а ретко делумно затемнување на Месечината се случува кога Земјината сенка покрива дел од Месечината. Овој пат беа покриени четири проценти од Месечината.

Во текот на ноќта од вторник кон среда ширум светот беше видливо делумно затемнување на Месечината, пренесува Танјуг.

Во Обединетото Кралство тоа се случило помеѓу 1.40 и 5.47 часот, со врв во 3.44 часот, а за оние во САД, затемнувањето било видливо помеѓу 20.41 и 00.47 часот, со врв во 22:44 часот.

Затемнувањето беше видливо и во Латинска Америка, Европа и Африка, како и мали делови од Азија и Блискиот Исток.

Полната месечина овој месец – позната како Месечината на жетвата – е втората од четирите „супермесечини“ оваа година.

Следното делумно затемнување ќе биде во август 2026 година, што ќе биде посебно затоа што околу 96 отсто од Месечината ќе биде во сенка.