Екипата на Париз е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната во Евролигата и моментно се наоѓа на делба на првото место на табелата на елитното натпреварување. По 12 одигра кола, тимот од Франција има девет победи и само три порази, исто како и турско Фенербахче, а прва ѕвезда на парижани е повремениот македонски репрезентативец, Ти Џеј-Шортс, кој во просек бележи по 18,1 поен и 7,8 асистенции на натпревар во Евролигата.
По секое коло одиграно во елитата, суперкомпјутерот ги калкулира шансите на тимовите што може да се најдат во самата завршница, па така овој пат Париз има најголеми шанси да се најде на фајналфорот, со 50,4 отсто. Исто така, овој тим има и висок процент за освојување на трофејот во Евролигата, односно 13,1, а само Фенербахче е со подобар процент според суперкомпјутерот (14,5).
Од друга страна, македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, со својот Армани Милано, има далеку помали шанси за пласман на Ф4, односно за освојување на трофејот. Милано сезонава игра далеку под очекувањата во елитата, па затоа суперкомпјутерот му даде само два отсто за освојување на трофејот, односно 10,6 дека ќе биде дел од Ф4.
Актуелниот шампион, Панатинаикос, е трет на оваа листа со 12,6 отсто кога е трофејот во прашање и со 48,4 % дека ќе биде дел од самата завршница.