Сунак и „се нафрли“ на италијанската колешка: Интернетот гори од „мемиња“ за нејзината реакција/ФОТО

401
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Риши Сунак, англискиот премиер, ја поздрави италијанската колешка, Џорџа Мелони, со топла прегратка на церемонијата за добредојде на самитот на Г7. Сепак, нејзиниот израз на лицето и реакцијата на брзиот гест на нејзиниот британски колега станаа вирални и масовно споделени на социјалните мрежи.

Сунак и Џорџа Мелони беа фотографирани како се држат за раце и се гледаат во очи во Бари, а тие исто така, беа забележани од фотографите како нежно се држат за рамениците додека Сунак, малку агресивно, се наведна кон Мелони.

Магијата на британскиот премиер на дело, напиша еден корисник на Х/Твитер. “Дали таа е во ред?”

Состанокот се случи кога британскиот премиер требаше да објави дополнителни 250 милиони фунти за Украина и да ги повика светските лидери да направат „се што е потребно“ за да ја поразат Русија. Тридневното патување е можност да ги зајакне неговите премиерски акредитиви и да го одвлече вниманието од неговата одлука предвреме да ги напушти комеморациите на Денот Д. Два приоритети на самитот ќе бидат поддршката на Киев и обезбедувањето мир на Блискиот Исток. Сунак ќе објави пакет до 242 милиони фунти за финансирање за хуманитарни, енергетски и стабилизациони потреби во Украина.Тој, исто така, ќе се обиде да ги убеди лидерите да користат милијарди замрзнати руски средства за поддршка на Украина.