Судскиот совет формира Комисија за пресудата за возачот што ја усмрти Фросина

Под лупа пресудата во Кривичниот и предметот во Апелациониот суд

119

Судскиот совет на денешната седница формира Комисија од тројца кои ќе ја испитуваат правилноста на пресудата на судијката Даниела Алексова Стојановска од Кривичниот суд, за возачот Васил Јованов за делото трговија со дрога. Јавноста реагираше на судиската одлука, полнолетниот Јованов, за продажба на марихуана и таблети наместо во затвор, да се испрати во поправен дом. Поради жалбената постапка, пресудата сега се наоѓа во второстепениот суд и осудениот никогаш не заминал на воспитување во Тетово.

Комисијата на Судскиот совет без да врши притисок на Апелациониот суд ќе треба да направи увид во предметот, изјави претседателот на Судскиот Совет Александар Камбовски, до каде е со одлучување по истиот. Под лупа ќе биде ставена и пресудата на кривичниот судија Даниела Алескова Стојановска која последните денови беше поврзувана со партијата СДСМ и со членови на семејството на возачот Јованов.

Вчера од Основниот суд Скопје соопштија дека застануваат зад одлуката на судијката Алескова Стојановска оти била законска и повикаа да не се става на јавен линч поради други цели. Напротив, потенцираа дека Јавниот обвинител во Завршен збор побарал најдобра санкција бидејќи бил млад и неосудуван и потекнувал од современо семејство. Веднаш по сообраќајката во која загина младата Фросина, ОЈО го објави криминалното поведение на возачот кое се провлекувало неколку години. Обвинувањата за селективна правда беа една од причините што стотици граѓани излегоа на улиците во Скопје да протестираат по смртта на младата Фросина Кулакова. (П.А)

 

ИЗДВОЕНИ