Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението против С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ.
Со одобрување на жалбите на бранителите на осомничените, Апелација го поништи решението и предметот го упати на повторно одлучување до првостепениот суд, се наведува во соопштението на Апелациониот суд во Ниш, пренесува РТС.
Обвинението ги товари С.Ј и Д.Д за кривичното дело тешко убиство во соизвршителство, додека Р.Д.
Обвинителството во обвинението предложи доживотен затвор за Д.Д и С.Ј.
Се сомничи дека на 26 март Д.Д и С.Ј со автомобил на ЈКП „Водовод“ прво удриле двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото.
Се сомнева дека нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Р.Д е осомничен дека му помагал на синот да го придвижи телото на девојчето.
Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во март пред семејниот имот каде била со мајка и и брат и. Тогаш за прв пат беше активиран системот „Најди ме“.