Полска во моментов претседава со ЕУ до крајот на јуни, а главниот слоган на нејзиното претседавање е „Безбедност, Европа!“ и како приоритет ја става широко разбраната безбедност, почнувајќи од војската до енергијата, до безбедноста на храната и животната средина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, покрај царините за Мексико, Кина и Канада, најави и нови царини за европски производи, како и за челик, алуминиум, бакар и полупроводници.
„Ќе ставиме царини за челик, алуминиум и на крајот бакар. Царините за бакар ќе траат малку подолго“, рече Трамп.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави во саботата дека најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ е причина за загриженост, но не и страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризи како царинската војна, војната во Украина, растот на екстремистичката десница и популистичката и илегалната миграција.
„Тие секако се загрижени поради последните настани, најавата на претседателот Трамп за воведување царини за ЕУ, па дури и за Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-Путин сили во Европа или илегалната миграција. Да, има причина за загриженост, но не и за страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи.
Полскиот премиер рече дека Полска има рекорден, динамичен економски раст и модерна, многу добро вооружена армија.
„Конечно ја вративме контролата над нашите територијални води. Ние водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Стекнавме навистина автентично лидерство во Европа. Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. „Без страв, но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.
Се чека што ќе одговори американската страна на ваквиот провокативен став на полскиот лидер Доналд Туск.