Двајца судии од Врховниот суд на Иран, кои беа убиени денеска, воделе случаи на шпионажа и тероризам, соопшти иранското правосудство.
Според портпаролот на судството, Асгар Јахангир, двајцата судии долго време се занимавале со случаи на национална безбедност, вклучително и шпионажа и тероризам, и биле цел на гнев и непријателство, особено од поединци кои имаат врски со Израел и иранската опозиција поддржана од САД Ројтерс.
Напаѓачот, откако отворил оган врз судиите во зградата на Врховниот суд, се самоубил, додека телохранителот на еден од судиите бил ранет.
Иранското правосудство ги идентификуваше убиените судии како Мохамад Могисех и Али Разини, високи шиитски свештеници, а мотивите за нападот се уште не се познати.