Првиот грен слем турнир Австралија опен го одбележаа неколку скандали, каде што главно во центарот на вниманието беа украинските тенисери, но и Французинот Корентин Муте.

Французинот упати сериозни обвинувања кон судиите во текот на вториот круг и сега ја дозна казната, ќе биде олеснет за 15.000 долари. По една контроверзна ситуација, во која главниот судија му досуди двојно отскокнување на топчето, тој целосно ги загуби нервите и во монолог на стручниот штаб по ред ги навреди сите судии.

Како можат да им дадат и едно евро на вакви судии? Зошто на ваков начин ги трошат парите?. Сериозно, секоја ноќ судиите се опиваат и следниот ден ги упропастуваат натпреварите. Како е можно? Јас се борам, работам секој ден, се борам да будам тука, а тие ја уништуваат играта. На сето ова и јас треба да останам мирен. Како е тоа можно? – грмеше Муте за време на натпреварот против Американецот Кригер.

Штом судијата му додели поен на противникот, Муте целосно ги загуби нервите:

– Покажи ми ја репризата. Како, по ѓаволите, можете да ја донесете оваа одлука? Престанете да кажувате: „Зошто си лут?“ Јас сум лут затоа што вашата одлука е лоша. Тоа е проблемот. Имате една работа да гледате. Не можете да бидете фокусирани на тоа и да направите грешка. Тоа е лудо!

Муте го доби овој меч, но потоа загуби од Лернер Тиен, брилијантен млад Американец кој претходно направи сензација елиминирајќи го Даниил Медведев.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ