Русите тврдат дека повторно го освоиле градот Суџа во Курската област

46
EPA-EFE/STRINGER

Руските војници ја вратија контролата врз градот Суџа, како и селата Меловој и Подол во Курската област на Руската Федерација, соопшти Министерството за одбрана.

Суџа беше најголемата населба што украинските вооружени сили успеаја да ја освојат како резултат на инвазијата на регионот Курск во август минатата година. Тие го користеа градот како главен логистички центар преку кој Киев ги снабдуваше своите единици во сите блиски села и градови, пренесува РИА Новости.

Кон крајот на минатата недела, руската армија започна голема офанзива во областа Курск и за неколку дена ги ослободи населбите, вклучувајќи ги Стараја Сорочина, Малаја Локња, Черкаско Поречено, Мартиновка, Михајловка и други.

Ден претходно на централниот плоштад во Суџа во близина на зградата на локалната самоуправа беше подигнато руско знаме.

Kаналот на Телеграм „Северен ветер“ на руската воена група „Север“ забележува дека преживеаните војници на вооружените сили на Украина продолжуваат да пружаат жесток отпор.

– Руските вооружени сили ги протераа украинските вооружени сили од селото Подол и населбата Меловој во областа Курск. За време на борбите за селото Меловој се уништени неколку непријателски групи“, се наведува во соопштението, пренесува Газета.ру.

Руските медиуми во средата објавија дека командата на вооружените сили на Украина почнала да ги повлекува војниците од Суџа и дека мали групи украински војници се обидуваат да се „инфилтрираат“ назад во Суџа.

ИЗДВОЕНИ