Судењето за убиствата на Вања и на Панче продолжува: Ќе се преслушуваат исказите на Боре Видевски

39

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште дојде до пресврт кога од местото за сведоци, обвинетиот Боре Видевски го смени исказот даден за време на истрагата во Јавното обвинителство и негираше вина пред судијата, тврди дека не учествувал во киднапирањето и убиствата.

На претходните судења, неговиот компањон Велибор Манев пак тврдеше дека Боре учествувал во грабнувањето на Вања така што ја фатил за устата кога излегла од лифтот, ѝ рекол да не вика оти инаку ќе пука. Откако ја турнале под скалите двајцата  ја врзале и ја ставиле во вреќа за спиење, ја изнеле од зградата и ја ставиле во гепекот од „цитроенот“ на Панче. На булеварот Партизански одреди Боре со чекан го искршил телефонот на Вања, а негови траги се пронајдени во рено кангуто.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев и Видевски ќе бидат сослушани и обвинетите Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ИЗДВОЕНИ