Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ по што авионот се урна во реката Потомак.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Сенаторот Тед Круз од Тексас потврди на социјалните мрежи дека „има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Американските медиуми јавуваат дека досега се пронајдени најмалку 18 тела.
Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипаж. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека регионалниот авион на ПСА Ерлајнс се судрил во воздух со хеликоптерот Блек Хок додека се приближувал до аеродромот.