Германската биотехнолошка компанија BioNTech и нејзиниот американски партнер Pfizer незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на Moderna во развојот на вакцината против Ковид и мора да и платат компензација, одлучи германскиот суд.
BioNTech и Pfizer ги прекршиле патентните права на Moderna при развивањето на вакцина против Ковид-19, пресуди во средата судот во Дизелдорф и мора да ѝ платат соодветна компензација. Пресудата вклучува и барање BioNTech и Pfizer да дадат информации за профитот од користењето на патентот.
„Moderna со седиште во САД поднесе барања за информации и отштета поради прекршување на нејзините патентни права во развојот на вакцина против Ковид-19.
Постои можност за жалба
Обвинетите компании тврдеа дека Moderna ја одобрила употребата на патентот во соопштение за печатот во октомври 2020 година. Дозволата, тврдат тие, важела до 5 мај 2023 година, кога Светската здравствена организација (СЗО) објавила дека коронавирусот повеќе не е закана за јавното здравје.
Судот, сепак, утврди дека Moderna ја повлекла лиценцата во соопштението за печатот издадено на 7 март 2022 година. Затоа, според судот, германски BioNTech и американски Pfizer ќе треба да плаќаат за користење на патентот 14 месеци по одземањето на лиценцата, а не само од мај 2023 година.
Германскиот суд допрва треба да ја одреди висината на обесштетувањето на Moderna. Pfizer и BioNTech имаат право на жалба.