Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

46

Во пресрет на големиот православен празник Богојавление-Водици, според вековните обичаи и традиции, денеска на празникот Василица, се собраа жените и ги сучеа врвките со кои се врзува светиот крст со конец во црвена и бела боја.

Обичајот за градскиот крст во Гостивар се направи утринава, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богoродица“. Во чинот со почит и радост учествуваа многу гостиварки од сите генерации кои потоа се собраа на заедничка трпеза.

Со сучењето на врвките официјално почнуваат богојавленските чествувања. Ноќта помеѓу 17 и 18 јануари, веднаш после полноќ, ќе се одржи традиционалното врзување на крстот. На 19 јануари 2025 година, во 6:30 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се служи литургија, а во 7:30 часот ќе се одржи голем водосвет.

Литијата ќе започне во 11:30 часот од црквата и ќе се упати кон кејот на реката Вардар, каде што светиот крст ќе биде положен во водите.

 

ИЗДВОЕНИ