Субвенција за вградување на уред за плин во возилата

107

Општина Гази Баба објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2025 година.

-Преку субвенции, Општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба – стои во јавниот повик.

Овој вид на субвенции, општина Гази Баба ги воведе минатата година во насока на стимулирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас и други алтернативни горива во возилата, а со цел намалување на загадувањето на воздухот од возилата.

ИЗДВОЕНИ