Општина Прилеп ќе субвенционира дел од трошоците на граѓаните за набавка на грејни тела со инвертер. Според условите на распишаниот јавен повик, општината ќе надомести до 50% од вредноста на набавеното грејно тело со инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за оние баратели кои поднеселе комплетно барање и ги исполниле критериумите согласно јавниот повик кој ќе трае до 17 март годинава. Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Само едно лице од потесно семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на едно грејно тело со инвертер. Исто така, услов е да е платен данок на имот за станбениот објект каде е/каде ќе се инсталира грејното тело со инвертер заклучно со претходната година и да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија и Општина Прилеп во претходната фискална година.